
Папата Франциск меѓу сиромашните, болните и маргинализираните пред центарот Мајка Тереза
Од рано утрово десетици верници кои припаѓаат на сиромашната група на луѓе и болни и маргинализирани го чекаа папата Франциск пред меморијалниот центар на Мајка тереза.
Меѓу нив и Сања која дојде со своите две блиски кои и помагаа при движењето. Пристигнаа и бројни новинарски екипи но и поглаварите на верските заедници со кои имаше средба. По ова папата Франциск се сретна со верниците.
Од нив доби икони на подарок изработени рачно, тој пак ги благослови со молитва посветена на Мајка Тереза.
По ова Папата Франциск ја слушна приказната на самохраната мајка Соња и нејзината ќерка Емили. Му раскажа дека кога била оставена на улица токму сестрите од католичката црква и помогнале. Токмо поради ова и решила да ја роди керка си.
По ова папата Франциск се упати кон верниците. Ја исполни и желбата на младата Сања која беше среќна за тоа што лично доби благослов од него.
По ова Папата Франциск со својот папамобил се упати на миса на плоштадот.
Билјана Николовска