
„Пандорината кутија“ остана затворена на денешното рочиште за „Рекет“
Обвинителката Вилма Русковска побара, а судот прифати да ја исклучи јавноста и новинарите од судницата додека внатре се слушаше аудио разговор помеѓу Боки 13, Ана Камчева и братот на судијката Весна Димишкова, адвокатот Васил Димишков.
Од друга страна,пак, обвинетатата Катица Јанева и Боки 13 инсистираа јавноста да остане, бидејќи според Јанева снимката ќе докаже дека случајот е поткуп, а не рекет, додека боки 13 тврдеше дека со вториот дел од разговор меѓу него и Зоки Кичеец ќе се отвори пандорината кутија и вистината дека е манипулиран.
По три часа зад затворени врати, одбраната, пак, на Боки 13 на излегување рече дека немало никакви приватни детали во снимките како образложување на судијката.
Боки 13 доцнеше а причината прво им ја соопшти ма медиумите. Бил малтретиран физички од стражарската служба во истражниот затвор Шутка довикна Бојан Јовановски.
Оваа инорамција веднаш ја демантираше директорот на Шутка според чијшто тврдења Бојан Јовановски одбивал да му бидат ставени лисици. Адвокатот, пак, Дуковски за однесувањето на Боки 13 ќе објасни дека должи на лошата здравствена состојба и седуммесечниот притвор во Шутка.
Обвинителката Русковка во понеделник ќе го искористи закажаното рочиште за последните докази кон Јанева и Боки 13, по што Боки 13 се подготвува да ја отоври какко што најавува „пандорината кутија“ со аудио снимки.
Павле Беловски