Пандемијата направи пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи
Пандемијата направи пореметување на извозот и увозот на земјоделските производи. Последните податоци од крајот на април покажуваат дека во земјава има намален увоз на земјоделски производи за околу 15 милиони евра, истакна дека при посетата на Штип, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Но, исто така и извозот е намален некаде за 16 милиони евра. Тоа значи дека намалувањето со увозт и извозот оди на некој начин паралелно. Кај одредени производи, има зголемување на откупната цена, какошто е оризот, но оваа пролет трпеше зелката. Министерството во наредниот период ќе се фокусира на извозот на фино, кој лани достигна вредност од 50 милиони евра