Панчевски соочен со можна суспензија

Обвинението за екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски пристигна во Судскиот совет, сега тој е соочен со можна суспензија. Од советот не презцизизраат како и кога ќе постапат по случајот.

Тој е осомничен дека го злоупотребувал АКМИС системот, односно наместо преку програмата, рачно ги распределувал предметите.

Телма веќе објави дека кај подобни судии се нашле предметите на СЈО „Шамари во Центар“ и „Тврдина 2“.

Панчевски се уште е судија во кривичен, но на прекршочна материја.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ