Панчевски не кажа како раководел со АКМИС-от, сега знае дека е закочен на Кацарска

Екс претседателот на кривичен Владимир Панчевски, од рано утрото беше на распит во обвинителството. Дојде расположен кон новинарите и со срдечен поздрав влезе во зградата во која е повикан да одговори на сомнежите за негова вмешаност во местење предмети кај одделни судии. Осомничен е за две кривични дела злоупотреба на службената положба и несовесно работење а е поврзано со функционирањето на таканаречениот Акмис систем.  По три часа излезе од обвинителството, за тоа што им одговарал за неговиот случај на обвинителите не откри. Иронично тврди дека акцент ставил на сегашното функционирање на системот.

Добрила Кацарска е судијката која во моментов го води предметот за 27 април, а е првата која донесе осудителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски во предметот на СЈО за владиниот мерцедес. За Телма вели дека не знае зошто Панчевски токму кон неа е фокусиран.

„Не сум ја читала неговата изјава не знам што кажал и не знам зошто е толку фокусиран на мене во последно време. Убедена сум дека претседателот Џолев работи деловнички и работи по закон. Сигурна сум и дека не би си дозволил да прави било какви манипулациии со АКМИС“, вели Кацарска.

Инаку истрагата за злоупотреби со распределбата на предмети ја започна министерството за правда после извештајот на Прибе дека во кои беше истакнато дека се делат предмети кај подобни судии. Комисијата откри дека предмети биле распределувани на рака а не преку системот по случаен избор и тоа во време кога на чело на судот беше Панчевски. Сега како сведоци во истрагата се и судијката Снежана Бајлозова и актуелниот претседател на врховниот суд Јово Ванѓеловски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ