Панчевски и АКМИСОТ точка на Судскиот совет

Член на Судскиот совет, по допрен глас и со прибрани докази, побарал да се отвори постапка за одговорност на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски поради Акмисот, ова за Телма го потврдија двајца членови на Судскиот совет. Претседателот на советот без да прецизира за кој судија станува збор, само кратко појасни дека на седницата ќе биде одлучено дали ќе му биде отворена постапка поради местењето на предмети и злоупотребата на системот за распределба.

Потоа вратата на седницата се затвори, за одговорноста и за постапките на конкретните судии – Судскиот совет мора да расправа без јавност. Зад затворени врати одлуката беше да се отвори постапка за Акмисот и за екс претседателот. За останатите тројца судии кои беа на тапет пред советот – еден е арзрешен, на втор допрва ќе се одлучува, а третиот се спасил, прекината му е постапката. Иако постапките за овие судии дојдоа до крај, на тапет никако да дојде Јово Вангеловски кој поради функцијата претседател на Врховниот суд им е колега и член на советот кој треба да одлучи дали згрешил или не.

Здравев вели дека за да се расправа за некој судија мора да има претставка од било кого, а тоа може да го стори и СЈО кое е во отворена војна со Вангеловски. Тој, заедно со Зафировска, Лаличиќ и Костова беа посочени и од СЈО и од Стејт департментот за врски со партии и со тајната служба- но поради тоа што никој не поднел претставка во временскиот рок не е расправано за одговорноста. Во офнаизва кон судството е и министерот Оливер Спасовски кој  со денови повторува како судиите ги пуштаат криминалците кои ќе ги фати полицијата. Здравев вели дека сите судии мора да одлучуваат за притвор врз доказите доставени до нив. Го смирува министерот Спасовски и му порачува:

Ниту Спасовски, ниту МВР не поднеле претставка иако и тие имаат можност да го сторат тоа, вели Здравев.

Вангеловски, заедно со Зафировска, Лаличиќ и Костова беа Судиите меѓу кои и оние четворица спомнати од СЈО и од Стејт департментот за врски со партии и со тајната служба, засега успешно ја избегнуваат.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ