
Палмер: Гласањето во Собранието е историска пресвртница за Македонија
Задоволство од исходот на гласање од петокот во Собранието искажа денеска американскиот замник-помошник државен секретар Метју Палмер. За него тоа е историска пресвртница, линија на разграничување и отворање на патот напред кон европска иднина за Македонија и македонскиот народ на која земјава може да смета на поддршката од САД.
„Би сакал да подвлечам за македонските граѓани, за македонските политички лидери дека како што ќе се движат напред на патот кон европската интеграција, кон членството во НАТО, кон отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ и евентулано членство во Унијата, Македонија, македонските лидери, македонските граѓани можат да сметаат на пријателството и поддршката на САД“, рече изјави Метју Палмер заменик-помошник државен секретар на САД.
Палмер денеска во Скопје оствари низа од средби, меѓу кои не се најдоа лидерот на опозицијата Хрситијан Мицкоски и претседателот Ѓорге Иванов. Според него во тоа нема никаква порака туку само најдобро можно искористено време за работа на едно патување. На сметка на тоа Палмер денеска го искористи времето да се сретне со премиерот, со неколку политички лидери, двајца министри, и како што рече самиот и со голем број на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Посетат на Палмер доаѓа во период кога помошник државниот секретар на САД, Вес Мичел и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ си разменија писма во кои Мичел од Мицкоски побара партијата да биде конструктивна во процесот на уставните измени, на што доби одговор ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите ставови против Договорот. Палмер рече дека внимателно го прочитал писмотот од Мицкоски.
Коментирајќи го ваквиот став на ВМРО-ДПМНЕ рече дека САД силно ја поддржуваат целосната имплементација на Договорот за името, како суштински за европската иднина на земјата која ја поддржуваат сите.
„Ние ја поддржуваме, македонската јавност ја поддржува, и самото ВМРО-ДПМНЕ кажа дека ја поддржува. Многу сме задоволни од исходот од процесот на гласање од петокот кој беше за поддршка на таквата иднина. Имаме намера да работиме блиску со владата и со оние пратеници кои гласаа за поддршка Договорот да продолжи, за да се обезбеди негова целосна имплементација и да и се даде на Грција можност да ги исполни своите обврски“, рече Метју Палмер заменик-помошник државен секретар на САД.
Палемер изјавата ја даде по средбата со премиерот Зоран Заев кој од своја страна ја пофали храброста и одговорноста на пратениците за исполнување на визијата за Македонија во НАТО и во ЕУ.
„Пратениците и демократските сили храбро презедоа одговорност и испишаа историја и ја отргнаа Македонија од заканата повтоно да се врати во темното минато. Го спречија ризикот на нова изолација која овој пат ќе добиеше катастрофални димензии за земјата“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.
Заев притоа гласањето на пратениците од петокот го гледа како поттик за политичко помирување, простување и обединување, кое, како што рече, на општеството му е потребно како никогаш до сега.
Палмер на средбите со лидерите од албанскиот политички блок добил гаранции дека тие конструктивно ќе го поддржат процесот на имплементација на договорот за името, а освен за Договорот од Преспа, со кој разговарал и со шефот на дипломатиијата, во фокус го имал и реформскиот процес на земјава за кој разговарал со министерката за правда Рената Дескоска.
Тамара Грнчаровска