Палмер денеска на средби со македонскиот државен врв

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер, кој денеска престојува во посета на Македонија, претпладнево во МНР има средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Палмер и Димитров, какако што беше најавено, ќе разговараат за поддршката на САД за Договорот од Преспа, важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, денеска во Скопје се сретна со Палмер и со американскиот амбасадор во Македонија, г. Џес Бејли.

На средбата, како што информираат од ДУИ, се дискутирало околу последните политички случувања во земјата, спроведувањето на Договорот од Преспа, реформите како и Евроатланската интеграција.

И претседателот на Движењето БЕСА, Африм Гаши, денеска отствари средба со Палмер , на која го увери американскиот заменик и помошник државен секретар, наведувајќи дека Движењето БЕСА, со сите свои капацитети ќе продолжи да биде достапно во спроведувањето на Договорот што е можно поскоро за членството на земјата во НАТО и во ЕУ.

Денеска Палмер ќе има одвоени средби со премиерот Зоран Заев.

Претходно, пред Собранието да го отвори патот за уставните измени, со писмо до Мицкоски реагираше помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел.

На опозицискиот лидер му напиша дека САД се разочарани од него и од челниците на партијата во однос на референдумот и нивните чекори во собранието. Но, ниту писмото на Мичел, не го промени ставот на Мицкоски.

Ова е втора посета на Палмер на земјава оваа година, а последен пат на средби со македонскиот државен врв беше во август.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ