
Паднаа првите казни во Дебар за газди на локали
Во Дебар Основниот суд ги изрече првите две казни на лица сопственици на угостилски објект и Интернет клуб поради ,,Непостапување според здраствените прописи за време на епидемија ,,. Казните се парични по 18,ооо денари . Во соопштението на Судот упатено до населението се истакнува дека секој кој нема да ги почитува мерките и законот ке има законски санкции.
Општинскиот Оперативен штаб преку градоначалникот Хекуран Дука , состојбата со Коронавирусот во Дебар ја оцени како сериозна , бидејки 3о болни се од Дебар. Во болницата во Дебар пристигнаа 4 лекари специјалисти, инфектолози, педијатри и пулмолози , и спред Штабот состојбата со лекари е добра. Во оваа здраствена институција декаска пристигна и соодветна опрема за заштита на лекарите .
Од денеска на пунктовите на влезот на општина Дебар дозволено е фабриките Маја и Ди Гипс да пренесуваат сцои производи надвор од Дебар, а истото се однесува и на млекопроизводителите од Дебар кои млекото веке го доставуваат во млекарата во трница .
Дезинфекцијата во градот се врши постојано а синока е извершена и во руралните средини , од специјализирани екипи.
Штабот информираше дека пристигната помош од повеке организации и институции ке се распределува со повик на телефони се со цел населението да не излегува и да стои пред магазините.
Кенан Мимидимовски