
Отворено живелаиштето за слониците во скопската зоолошка
Отворањето на живеалиштето на слониците Дуња и Даела го сруши рекордот на продадени билети во скопската зоолошка. Новите жители дојдоа да ги видат околу 10.000 луѓе.
Слониците доаѓаат од Белгија. Едната е африканска, другата азиска слоница. Нивнот живеалиште во зоолошката во Скопје има отворен и затворен дел, направено е според најсовремени стандарди. Последен пат во зоолошката имало слон пред 26 години.