
Отворена врата за уставни измени
„Собранието донесе историска одлука. Нашите соништа и визии за подобар живот ќе бидат исполнети“, оцени премиерот Заев доцна синоќа откако 80 пратеници изгласаа поддршка на потребата од менување на Уставот. Со вакви одлуки, луѓето стануваат херои, рече Заев, уверен дека во наредните фази ќе добие поддршка и од пратениците што беа против.
80-те пратеници два пати гласаа за. По електронското заедничко изјаснување, ВМРО-ДПМНЕ побара поединечно. Сите што се против станаа од своите места и ги оставија колегите сами. Заев не одговори директно што ги убедило токму овие пратеници да му се придружат на парламентарното мнозинство, но и натаму останува уверен дека кај 25 пратеници од опозицијата има подготвеност да преземат ваква одговорност. Вети дека институциите ќе реагираат при најмала закана за нив и за нивните семејства.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика оние што сакаа да гласаат за, но не ја нашче потребната храброст, да се придружат во натамошното заокружување на овој процес. Ахмети смеа дека и опозицијата треба да се построи на исправната страна бидејќи патот кон ЕУ и кон НАТО е еднонасочен и само тој пат носи мир, добри меѓуетнички и добрососедски односи.
Соња Николовска