Отворањето на границите кон Западен Балкан не е поврзано само со епидемиолошката слика, туку и со блиското ниво на интеграции

Препораката за подигање на забраната за патување во земјите од Западниот Балкан, не е поврзана само со епидемиолошката состојба, туку и со блиското ниво на интеграција, кое регионот го има со ЕУ и генерално со односите со регионот, што е објаснето во препораката од 11 јуни. Ова денеска го изјави портпаролот на Европската комисија Адалберт Јанз, запрашан дали останува препораката за отворање на надворешните граници кон Западен Балкан, со оглед на зголемениот број заразени со Ковид- 19 во регионот.

Сега со оглед на епидемиолошката ситуација ние остануваме…, ја следиме ситуацијата многу внимателно и одлуката која треба да биде донесена од земјите членки до 1 јули, исто така ќе треба да ги има предвид сите скорешени епидемиолошки податоци. Но како што веќе реков, овие разговори во моментов се водат во Советот и се во рацете на земјите-членки, изјави тој.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ