
Отровната хемикалија во ОХИС собрана, можни казни за фирмата за неколку денови
Миризбата на хемикалија во воздухот изветреа. Бурињата со остатоците од опасната течност метил акрилат се собрани во буриња и ќе одат на уништување надвор од земјата.
Сега се мерат штетите, од лабораторија во штипскиот универзитет за да се комплетира извештајот на државниот инспекторат за животна средина во кој ќе биде наведено дали фирмата која ја остранувала течноста од резервоарот направила пропусти.
Дека нема опасност од испарувањето, сопственикот на фирмата надлежна за хемикалијата „коцентар“ 97 ги поведе во прошетка функционерите, со објаснување дека причината ја предизвикал дотраен вентил на резервоарот иако оваа течност никој не се грижел постојано.
Она што не може да се види, може да се помиириса тврдат околните жители наспроти надлежните.
Направени се проупсти тврди граѓанскито активист и човек кој поседува обука за управување со опасен отпад Тони Никушевски.
За метил акрилот никој немаше да слушне доколку стечајниот урпавник не одлучил да анагажира фирма која ќе острани 11 отровни хемикалиии за да може да се распродава имотот на поранешниот хемиски гигант.
Што уште крие ОХИС освен овие 11 отровни бомби никој не истражува. Холандски научници неодамна констатирале дека освен почвата и водите од линданот, и самите објекти се контаминирани.
Додека одговорните кројат извештаии околу одговорноста и можните последици првото предупредување стаса од лекарот Андон Чибишев од Токсикологија според кого оваа опасна материја најлесно се распространува во воздухот со помош на ветровите и до еден километар во радиус.
Симптомите се алергија, стомачни тегоби и грчење на мускулите.
Да се избегнуваат прошетки околу фабриката во наредните три дена советува Чибишев.
Павле Беловски