Отпочна разрешувањето на Јанева

Со 9 гласа ЗА и ниту еден ПРОТИВ Советот на јавните обивнители даде зелелно светло за да се отпочне постпаката за разрешување на Катица ЈАнева од функцијата специјален обвинител. Одлуката доаѓа по завчерашната 8 часовна дискусија и прегледување на досието и доказите против Јанева во случајот „Рекет“ . Советот се обврза дека најдоцна до утре ќе го стокми извештајот во кој ќе бидат наведени доказите против Јанева дека несовесно и нестручно ја извршувала функцијата специјален обвинител.

Штерјев не попушта пред тврдењата дека Јанева може да добие замена, но прво да се разреши Јанева, а потоа ќе се избира нејзин наследник. Штерјев тврди дека со мандаот на Јанева престануваат и мандатите на остантите десетмина обвинители, па од чии редови би се избирал заменик останува нејасно според него.

Спротивно од ставот на државниот обвинител Љубомир Јовевски кој прв цитираше член од законот за СЈО со кој го крепи ставот дека Јанева може да добие заемна со постапка во советот е оној и на пратеникот и претседател на комисија за избор и именувања Илија Димовски.

Собраниската комисија може да даде предлог до собранието, но за да запре функцијата на Јанева потребно е две третини од пратеници да гласаат позитивно, и да се примени и „Бадентер“,  а постапката пак да се врати во советот за да се констатира нејзниот крај како специјален обвинител. Јанева има мандат до 15 ти наредниот месец, а СЈО до идната година. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев да излезе од притвор и да добие времен пасош во предметот „Империја”, а за таа услуга Боки 13 и Зоки Кичеец изнесоа од домот на Орце Камчев едне милион евра во скапа чанта.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ