Отпишување камати за долгови 

Без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за финасирање и буџет го усвои предлог Законот за отпишување на камати на долгови, кој беше заеднички  предлог на власта и опозицијата. Причината за нивното неприсуство е одбивањето на предлогот седницата на комисијата наместо денес да се одржи во понеделник.

Претседателката на работното тело, Лилјана Кузмановска во телефонски разговор ни изјави дека се работи за исклучително сензитивен период поради што тие побарале да се одложи седницата. Членовите на комисијата експресно го изгласаа законот. Со него се отпишуваат камати на долгови по основ на услуги од комунални дејности,како што се вода, струја, смет, мобилни и кабелски оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда како и наводнување и одводнување на земјоделско земјиште.

Целта на законот е да се решат проблемите на илјадници граѓани кои се соочуваат со ваков тип на долгови и наплата на десеткратно повискоки суми од страна на извршителите.

Комисијата за финасирање и буџет ќе организира и Јавна расправа на која ќе бидат поканети нотари, извршители и граѓански организации кои ќе дадат свои забелешки и сугестии.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ