Откупот на јагнешкото месо годинава го достигна дното

Енормно намален откупот на Македонски јагниња во пресрет на велигденските празници. Со години ниската откупна цена на јагнешко месо резултираше сточарите да ја намалат бројката на овци, а со тоа и откупот на јагнешкото месо годинава го достига дното, велат од Сојузот на Земјоделци.
Оттаму истакнаа дека цената за килограм јагнешкото месо кое годинава изнесува околу 140 денари го диктираам кланиците во Македонија, кои имаат право на откуп на месото, кое потоа го извезуваат претежно во Италија, Грција и Хрватска.

Ако државата дозволи да се отворат повеќе кланици но и ја укине забраната за извоз на жива стока, тогаш цената која ќе ја одредат сточарите ќе биде повисока, вели Меѓит Амити потпретседател наа Сојузот на земјоделци.

Сточарот Џихан Ајрули, вели дека од година вгодина ја намалува бројката на овци. Како причина ја наведува ниската цена за јагнешкото месо. Поради лошите услови никој не сака да се занимава со оваа гранка и во последно време е се потешко да се најде овчар, вели тој.

Од Сојузот на земјоделци, изјавија дека поради лошата дршавна политика кон сточарската дејнсот сите земји во регионот не надминаа по бројот на грла овци. Оттаму сметаат дека дури и начинот на исплата субвенции за сточарите е погрешен.

Во Македонија според Сојузот на земјоделци моментално има околу 400 000 овци, за разлика од пред две децениии, кога нивната бројка достигнуваше и до 2 милиони.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ