Откриен е идентитетот на мајката на напуштеното новороденче во Битола

Сината штипка на папочната врвка и алката со бројче, ја однесе полицијата до тетовската болница, каде се родило бебето, кое во неделата беше оставено пред Домот за доенчиња во Битола.

Мајката е од тетовско Желино, таа е малолетна и за неколку месеци ќе  наполни 18 години. Полицијата го откри нејзиниот идентитет, по неколку дневна истрага низ болниците во државата. Од таму велат дека против мајката ќе биде поднесена кривична  пријава, а надлежноста од битолскиот се префрла во Центарот за социјални работи во Тетово.

Најпрво стручните служби ќе разговараат со родителите, зошто бебето е напуштено и ќе се обидат да го вратат во семејството. Потоа доколку оваа постапка не успеа, ќе биде дадено на посвојување, велат од Центарот за социјални работи во Битола.

Станува збор за женско новороденче, кое сега е згрижено во Домот за доенчиња, а по сите прегледи е констатирано дека е во добра здравствена состојба. Случајот го пријавил 50 годишен битолчанец во неделата  пред полноќ, кој го пронашол  бебе  пред вратите на оваа институција, а полицијата истражува кој го донел штотуку роденото бебе во Битола.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ