
(ФОТО)Откорнато дрвја и кровни конструкции на неколку згради во Карпош, падна фасада на МЕПСО
Ветерот кој синоќа дуваше со брзина од 70 километри на час зад себе остави пустош. Фасада во внатршниот дел на зградата на МЕПСО е падната, откорнати се дрвја и кровни конструкции низ целото подрачје не Скопје.
До раните утрински часови екипите на Град Скопје ги санираа штетите предизвикани од невремето и силниот ветар.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој цела вечер на својот Фејсбук профил известуваше за санирањето на штетите, утринава изрази благодарност до службите на градот.
– Голема благодарност до службите на градот коишто неуморно работеа до раните утрински часови со цел да се отстранат препреките од улиците на Скопје. Се гордеам со Вас добри луѓе!!!, напиша Шилегов.
Најпогодена беше општина Карпош каде имаше откорнато дрва и кровни конструкции на неколку згради. На терен беше и градоначалникот Стефан Богоев.