Откажана лидерската средба, нема договор за СЈО

Откажана е лидерската средба на која Заев и Мицкоски требаше да дадат зелено светло за новиот закон за ЈО. Високи партиски извори од владејаќкото мнозинство за Телма велат дека двајцата лидери требало да се сретнат деновиве но поради непостигнувањето договор за СЈО, средбата е откажана. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христија Мицкоски и порача на власта дека нема да се случи ново ,,Пржино“ и да не се надева  на двотретинско мнозинство за законот.

СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ дека продолжува да работи на сценариото Македонија да не добие датум за преговори со ЕУ а СЈО повеќе да не функционира.

Партиите се уште  даваат шанса на дијалогот, но оптимизмот се намалува. Неизвесно е и дали работните групи во петок ќе ја одржат најавената средба и каков ќе биде епилогот за новото законско решение за Јавното обвинителство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ