
Отказ за анестезиологот во случајот со родилката во приватната болница САНТЕ?
Анестезилог во случајот со починатата родилка во САНТЕ плус ќе остане без работа. Раководството на клиниката му подготвува отказ, но се чека извештајот на Комисијата која беше формирана да ги расчисти дилемите. Оттаму коментират дека Законот за здравствена заштита е јасен, лекар за да врши дополнителна дејност, мора да има договор меѓу здравствените установи. Анестезиологот имал само личен договор со болницата. И министерот за здрaвство ќе го чека извештајот на Комисијата. Дотогаш нема го коментира случајот, но јасен е дека лекарот нема да биде поштеден само заради тоа што клинички кубури со анестезиолози.
Освен анестетиолозите, засега нема никави информации околу одговорноста за останатите инволвирани во случајот. Детали нема ниту за причините за смртта на 15-годишното момче, кое почина за време на рутинска операција на колената. Лекарите се единствени во овој случај. Велат, запазени биле сите можни протоколи. Според нив, клиничките симптоми укажуваат дека момчето починало од малигна хипертемија, дијагноза со која можеби и за прв пат се соочува македонското јавно здратсво. Дали се во право, ќе покаже обдукцијата.
Весна Јовановска – Дојчиновска