Отец Пимен сведочи на рочиштето за „крвавиот четврток“

На денешното рочиште за „27 април“ сведочеше владиката Пимен, сведок предложен од одбраната на обвинетиот Богдан Илиевски – Бетмен Велит. Како што рече владиката, Бетмен не добивал никаква материјална компензација за неговото учество во протестите, туку бил дел од протестите затоа што искрено верувал во каузата.

Пимен раскажа дека Богдан му бил близок пријател, дека се запознале на социјалните мрежи, а потоа обвинетиот често се исповедал кај него и дека бил негово „духовно чедо“. Како што рече тој, често имале и различни ставови. Како пример го посочи неговото учество во „Шарената револуција“, поради што го доби надимакот „шарен владика“.

Сепак, рече, бил изненаден кога во видел Бетмен меѓу луѓето пред Собрание. Во тој период, сведочеше владиката, Бетмен му велел дека целта на протестите е да се добијат нови парламентарни избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ