ОТА се уште без директор

Пропадна и денешниот обид за избор на директор на Оперативно техничката агенција ОТА. Бидејки власта и опозицијата не можат да се договорат кој ќе раководи со новото тело задолжено за прислушувањата, собраниската комисија за избори и именувања ја тргна оваа точка од дневен ред .На седницата беше утврден само коефициентот на платата што ќе ја зема идниот директор , а тоа е четири.

Кој од 14 –те пријавени има најголеми шанси да седне во фотељата на ОТА никој не сака да шпекулира за да не се наштети на процесот, но познато е дека сите пријавени работат или се дел од секторот безбедност. Меѓу професорот Буџаковски, експертот од сферата на сајбер криминалот Богатинов, и др.за директор на ОТА се пријавил и Ѓорѓи Лазаревски кој заедно со Звонко Костовски ја разоткрија аферата со масовното прислушување.Но иако често се споменуваше во јавноста , поранешниот мин за внатрешни работи Сиљан Аврамовски воопшто не конкурирал. Договор меѓу пратениците по ова прашање е неопходен бидејки директор на агенцијата преку која ќе се врши следење на коминикациите се бира со 2/3 мнозинство во парламентот и со бадентер.негиовиот мандат трае 5 години и нема право на реизбор.

Разногласие и дополнителни преговри се прават и во однос на  директор на Државниот завод за ревизија. За оваа позиција се пријавиле 12 кандидати но според извори на Телма најголеми шанси има Тања Тасевска вработена во заводот. Во среда се очекува да бидат почисти позицииите и во однос на членовите во одборот за државната награда 23 октомрви и за комисијата за конкуренција.

Комисијата ги поништи конкурсите за заменик директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и за претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации бидејки на нив се пријавил само по еден кандидат.

Виолета З Стојановска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ