ОТА работи солидно и ги следи процедурите

Оперативно техничката агенција солидно работи и ги следи процедурите, се констатира во Извештајот за работата на ОТА, кој собраниската Комисија за надзор на мерките за следење на комуникациите, го усвои без дебата.   Претседателот на Комисијата, Емил Димитриев, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека надзорот и Извештајот се однесуваат на нормативниот дел од работењето на ОТА, а дека по екипирањето на агенцијата од технички аспект, ќе се оценува и нејзиниот технички дел.

Извештајот беше усвоен со 3 гласа ЗА и 2 воздржани и тоа од претставниците на СДСМ и ДУИ.

Гласале воздржано бидејќи не присуствувале во надзорот и побараа во иднина надзорите да се вршат во денови кога не се закажани пленарни седници.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ