ОТА ги отфрли обвинувањата на Чулев како невистинити

Оперативно техничката агенција (OTA) како целосно невистинити ги отфрли информациите на непримена на одредбите од законот за оперативно техничката агенција, кои беа изнесени од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на вчерашната прес конференција.

Како што се вели во соопштението на ОТА, оваа агенција е посреднички орган кој обезбедува технички премин и врска меѓу операторите и овластените органи заради следење на комуникациите врз основа на судска наредба, како што предвидува законот за следење на комуникациите и без пристап до содржината на следената комуникација.

Во своето соопштение, ОТА посочува дека прашањата од министерот Чулев не биле доставени до оваа организација пред одржувањето на прес конференцијата, а доколку тоа било направено, по нивниот одговор ќе било избегнато објавувањето на неточни и непроверени податоци, кои се однесуваат на сензитивна и безбедностна заштитена материја.

Во информацијата до јавноста се потсетува и дека МВР, АНБ и другите органи задолжени за мерката за следење на комуникациите , како и владата на РСМ немаат својство ниту контролни ниту пак надзорни тела и со тоа што немаат надлежност да вршат контрола над работата на ОТА.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ