
Осумтемина пратеници се уште договараат како ќе делуваат
Осумтемина пратеници од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за пристапување кон уставни измени се уште го договараат натамошниот начин на делување во парламентот. До понеделеник би требало да се официјализира, најверојатно, формирање на уште една пратеничка група, која како што објави веќе Телма ќе го носи префиксот ВМРО и плус некоја додавка.
Дел од пратениците изјавуваат дека денеска ќе имаат средба и ќе дефинираат што понатаму. Се уште работат на дефинирање на нивните четири барања со правни експерти, вклучувајќи ги и уставните амандмани.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера кажа дека Деловникот им дава можност на пратениците да се самоорганизираат, имајќи предвид дека се повеќе од петмина.