Осум возила на Министерството за земјоделство ќе станат амбулантни возила

Осум возила на Министерството за земјоделство ќе станат амбулантни возила. Стари се неколку години. Се уште стојат паркирани во гаража и никој не ги вози. Надлежните сакаат да ги адаптираат и да им ја најдат нивната намена во возниот парк.

„Осум комбиња коишто биле наменети за некоја друга намена, но, може целосно да се пренаменат и да бидат амбулантни возила. Такви се габаритите, такви се карактеристиките. Само треба да се доопремат.“ –изјави Министерот за здравство, Венко Филипче.

Овие комбиња ќе се надополнат заедно со дванаесетте коишто ги купија од Министерството за здравство. Тие ќе стигнат до крајот на месецот. Вкупно станува збор за 20 автоамбулантни и сите ќе се распоредат во повеќе градови, а најмногу во Скопје.

Од Министерството за здравство на прес-конференција дополнително кажаа дека го чекаат крајот на претседателските избори за кои ниту кампањата се уште не е започната, за да го распишат тендерот за набавка на реагенси. За тоа ќе потрошат 35 милиони евра.

Набавката на реагенси од Министерството за здравство ја најавија пред Нова година, но уште два месеца ќе чекаат за да ги соберат документите и да изберат понудувач. Моментално во лабораториите на здравствените установи не недостасуваат активните супстанци во форма на прав и во форма на течност кои се користат за хемиски анализи, уверуваат здравствените власти.

Во меѓувреме, во Обвинителство се уште ги прегледуваат документите за претходниот тендер за реагенси кој лани беше стопиран заради пропусти во тендерската документација.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ