
Осум лица потешко повредени во 10 сообраќајки во Скопје
Осум лица биле потешко повредени во една од вкупно 10 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест сообраќајки било полесно повредено едно лице, а во три била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло и еден возач не дал првенство на минување.
Од сообраќај биле исклучени 17 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и девет возила со истечена важност на сообраќајната дозвола. Затекнати биле 66 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјално возило пајак, отстранети биле 74 возила.