Осум дена притвор за насилниците што тепаа девојка

Судијата на претходна постапка во штипскиот Основен суд попладнево им изрече мерка притвор во рок од осум дена на двајцата штипјани кои пред два месеца тепале и малтретирале девојка во станбена зграда. Судот повторно ќе одлучува наредната недела, откако обвинирелот ќе го достави обвинителниот предлог. Двајцата насилници веќе се во кумановскиот затвор.

  • Постапувајќи по поднесениот предлог за определување на притвор, на ден 03.04.2020 година, судијата на претходна постапка на ОС Штип ги испита јавниот обвинител, осомничените и нивниот бранител поставен по службена должност на околности од значење за одлучување по предлогот за определување на мерката притвор, по што донесе решение со кое го уважи предлогот на ОЈО Штип и на двајцата осомничени, поради постоење на основи на сомнение за сторување на наведеното кривично дело, им определи мерка притвор во траење од по 8 (осум) дена, согласно чл.470 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка, која мерка притвор ќе се извршува во КПУ Затвор Куманово, се вели во соопштение на ОС –Штип

Двајцата штипјани на возраст 23 и 26 години се обвинуваат за сторено кривично дело насилство по член 386 став 3. Според ова, казната за сторители кои се огласуваат за виновни се движи од шест месеци до пет години.

Девојката која е жртва во случајов доби поддршка од Центарот за социјални работи и Мултисекторскиот тим за борба против насилство, кои  веќе разговараат со неа. Бети Пеева од Невладината Ехо која веќе речиси две децении работи со жртвите на семејно насилство не е изненадена што 21 годишната девојка не го пријавила случајот уште пред два месеци.

Пеева очекува во интерес на слуачите на насилство и казните што ги добиваат насилниците да се донесе Законот за родово базирано насилство, а во нашето законодавство да се имплементираат и одредбите од истанбулската конвенција.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ