
Осум дена притвор за Емил Јакимовски
Судот го прифати предлогот на Обвинтелството и поради опасност од бегство му одреди осумдневен притвор на Емил Јакимовски.
По пријава за семејно насилство Скопското јавно обвинителство побара притвор за поранешниот вработен во Централен регистар, Емил Јакимовски. Тој вчера беше приведен и задржан во полиција, а денеска изведен и пред судија и му е определен осум дневен притвор. Освен за семејно насилство, Обвинителството го сомничи за уште две други кривични дела.
„Основното јавно обвинителство поведе постапка против едно лице за сторени кривични дела – Загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство, Загрозување на сигурноста по пат на информатички систем, како и Неизвршување на судска одлука“,Основно јавно обвинителство Скопје.
Јакимовски беше пријавен од новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска поради неговите навреди кон нив на социјалните мрежи. Јакимовски, кој е поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ, испраќал закани и до градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. Тој доби отказно решение од Централен регистар поради рушење на угледот на институцијата и одредбите од договорот за работа. Директорката Марија Бошковска-Јанковски изјави дека се сомневаат дека Јакимовски ја хакиран ФБ страницата на ЦР минатиот викенд, зашто, тој ја креирал пред 10 години кога работел во секторот за маркетинг и односи со јавност. При тоа, тој напиша навредливи коментари за директорката, а таа поднесе поплака против него.