
„Осуди ме на 100 години“, и порача Игор Југ на судијката Кацарска
Инцидент на сведочењето на Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу Агим во Кривичниот суд за настаните од 27 април.
Обвинетиот Игор Југ вербално го нападна Нухиу и на судијаката и порачал ако сака да го осуди и на сто години затвор. Игор Југ гласно извикувал каде е српскиот разузнавач Живаљевиќ и дека им се суди на 33 Македонци, додека странски разузнавач се шетал по Собранието. Обвинетиот Јане Ченто пак, изјавил дека токму Нухиу е првиот што треба да сноси одговорност.
Инаку на денешното сведочење Нухиу кажа што се случувало на 27 април. До 20 часот вечерта, Чавков не му се јавувал. Кога дошол во штабот се однесувал агресивно. Запрашан што се случува, одговорил: „Што мислиш ти, што се случува? Народ се случува“ – ми одговори Чавков. „Имаше информации и предупредив дека можно е луѓе, по натпреварот да се упатат кон Собранието“.