Осудените за крвавиот четврток остануваат во притвор

Жалбите за притворите на осудените во судскиот процес за крвавиот четврток се одбиени.

Таква одлука донесе Апелациониот суд откако во понеделникот се одржа јавна седница на која притворените ги образложија своите аргументи зошто до правосилност на пресудата треба да се на слобода.

Се жалеа поради тоа што крвичниот суд им одреди притвори а дел од нив во исто време имаат дадено гаранции дека нема да бегаат со заложување на имотите.

Сега Апелациониот суд им ги укинал гаранциите бидејќи не може да има две мерки во исто време.

Пред повеќе од еден месец со затворски казни беа осудени 16 тмина учесници во инцидентите во Собранието на 27 април 2017, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ