Оставки на Калајџиев и Цаца Николовска од советот за граѓански надзор над прислушкувањето

Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки како претседател, потпретседател и челнови на  Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. „По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС  поздрав до Прибе!“- објави Калајџиев на Фејсбук.

Маргарита Цаца Николовска пак во телефонски разговор за Телма како причина за повлекувањето го наведе тоа дека немале никакви инструменти и средства за да функционира тој Совет. Таа, е скептик дека ова тело ќе може понатаму да функионира, така како што е по закон одредено, бидејќи има големи законски пречки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ