Оставки и одговорност бара ВМРО ДПМНЕ, СДСМ обвинува за сценарио

ВМРО ДПМНЕ бара одговорност и оставки  на сите инволвирани по објавената снимка на италијанскиот весник ,, Ла Верита,,.

Бараат притвор за Катица Јанева а одговор од Вилма Русковска зошто не покрене истрага против специјалната обвинителка свесно оставајќи ја  да ги прикрие трагите и уништи доказите.

И СДСМ бара одговорност и забрзување на истрагата со цел да се дадат одговори за сите актери во случајот ,, Рекет,,. Објавувањето на снимката го оценуваат како дел од однапред подготвено сценарио за што упатија прашања до лидерот на Вмро Дпмне Христијан Мицкоски.

Реагираше и Алијансата за Албанците. Инсистираат на проширување на истрагата повторувајќи го барањето за обвинител од ЕУ како решение за излез од ќорсокакот во кој се наоѓа правосудниот систем.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ