
Оставката на Груевски утре на седница
Пратениците ја добија оставката на Груевски преведена од унгарски на македонски јазик но останува неизвесно како ќе се постапи по неа. Во текот на денот собрансикиот спикер Талат Џафери оствари координативни и поединечни средби со партиите, но секоја од нив останува на своите позиции. СДСМ инсистира Груевски лично да дојде во законодавниот дом и да ја образложи оставката,а доколку тоа не го стори тогаш да се отвори дебата за Извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која даде зелено светло за одземање на мандатот.
Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ смета дека оставката треба само да се констатираа со што станува безпредметна расправата за Извештајот на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која даде зелено светло за одземање на мандатот. Писмените оставки велат од Вмро Дпмне не се новина. Без лично присуство во Собранието, со писмена изјава, оставки си поднесоа Никола Тодоров и Љубисав Иванов Ѕинго. И додека пратениците мака мачат како да најдат начин да му го одземат мандатот, Груевски во Будимпешта релаксирано се забавува на брод на Дунав.
Јулијана Пешевска