
Остатоците од хеликоптерот тргнати од скопската писта- три истраги се водат за падот
Остатоците од хеликоптерот МИ 171А вчера попладне се однесени од местото каде завчера при полетување полициското летало се урна.
Во инцидентот беше повреден еден полициски пилот, а останатите 4-ца беа неповредени, додека хеликоптерот е уништен. До крајот на истрагите, овој полициски хеликоптер ќе се чува во посебен хангар како доказ кој може да и послужи на истрагата.
Хеликоптерската несреќа во моментот ја истражуваат три различни органи и комисии, скопското обвинителство, комисијата за истражување и испитување на воздухопловни инциденти и несреќи и спеѝцијално формираната комисија на МВР. Дента кога се случи несреќата имаше силен ветар, а покрај метеоролошките услови ќе се истражува и дали има субјективна одговорност за инцидентот.
-По наредба на јавниот обвинител обезбедени се видео записите од камерите на аеродромот, како и аудио снимките од комуникацијата на пилотот со контролата на летот. Извршен е првичен разговор со пилотот и со уште четири лица од екипажот на хеликоптерот, соопшти обвинителството завчера.