Осомничени бизнисмени на СЈО, сведочеа против Катица Јанева и Боки 13 за „Рекет“

Двајца бизнисмени и еден адвокат беа денеска сведоци во случајот „Рекет“. И двајцата дел од своето сведочење го насочија за тоа како безпредметно се осомничени во случајот „Поштенска банка“ на СЈО, а остатокот за релациите повеќе со Боки 13, помалку со Катица Јанева. Томе Главчев во кусото сведочење рече дека со Бојан Јовановски се знаел бидејќи неговата фирма за кошули „Ноел“ од Гевгелија се рекламирала на 1 ТВ, со Катица Јанева бил скаран. За реклама на 1 ТВ платил 100 илјади евра ама бил задоволен.

Имав буџет за рекламирање од 40 до 50 илјади евра. Но човек кога е во мака цената скока. Бојан е интересна фигурица. Го гледав со Јанева на слики па го прашав до каде е случајот Поштенска банка. Ми рече ти да бидеш спокоен,

сведочеше Главчев.

Сопственикот на „Езимит“ и конзул на Латвија во земјава Зоранчо Митровски и неговиот кум адвокат Сашко Бошков сведочеа дека Боки 13 побарал 2 милиони евра. Но не прецизираа дали за возврат Митровски ќе добиел услуга во случајот на СЈО „Поштенска банка“.

Пријавив само кај нерезидентниот амбасадор на Латвија. Ми беше срам дури и тогаш поради Македонија бидејќи сите во СЈО имавме надеж. Мислам дека Бојан беше злоупотребен од Катица Јанева,

сведочеше Митровски.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека ваквите сведочења воопшто не го потврдуваат обвинението за тоа дека Бојан Јовановски рекетирал а Јанева ја злоупотребила својата положба.

Случајот рекет продолжува во петок. Ќе сведочи новинарот Кристијан Баневски од 1 тв и поранешниот маркетинг директор на оне – Виктор Доневски.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ