
Осомничени 14 за трговија со артефакти, меѓу нив и таткото на режисерот Бојаџи
Ова се дел од вредните артефакти кои полицијата ги пронашла при претрес во домови на луѓе од Велес, Струмица, Тетово, Радовиш, Битола и Скопје. 14- мина се осомничени за недозволено криумчарење на предмети кои преставуваат културно богатство и наследство. Монети, скапоцени и полускапоцени камења се пронаоѓани на локалитети кај Струмица и Велес и според полицијата се препродавани на луѓе во Албанија Турција и Грција. Средбите со колекционерите се одвивале во земјава и во Грција тврди МВР. Тројца се осомничени за организирање на групата додека останатите повремено учествувале во истражувањата и продажбата. Меѓу членовите на групата е и 74- годишниот татко на режисерот Јани Бојаџи, од Струмица.
Режисерот Бојаџи денеска не сакаше многу да коментира околу она што се случува со неговиот татко за тоа како што вели да не врши притисок и врз обвинителството и врз судот. Според него, со ова општеството покажува дека се занимава со геријатрија на која ќе и суди само поради кажан збор.
Инаку вчера беше премиерата на филмот „Ругање со Христос“ на Бојаџи кој предизвика контроверзии уште пред прикажувањето. Кривичната пријава за злосторничко здружување ја објави денеска МВР кое во полициска станица задржа осуммина додека петмина по завршениот разговор се пуштени дома. Сепак против сите е поднесена пријава за трговија со културно наследство од непроценлива вредност.
Билјана Николовска