Османи-Тимоние: Франција ја поддржува Македонија во европските перспективи

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска се сретна со францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние, по повод потпишувањето на писмото со кое техничкиот експерт од Франција, Франсоа Лафонд и официјално стана дел од тимот на Секретаријатот за европски прашања.

Османи, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, се заблагодарил на искрената поддршка од страна на Франција за Република Македонија, потенцирајќи ја улогата на Франција, како многу важна земја членка на Унијата, во зацврстувањето на политиката на проширување на Европската унија со земјите од Западниот Балкан.

– Франција е една од клучните политички фактори во рамките на Европската унија и нејзината улога во процесот на проширување има фундаментално значење за успешност на процесот, истакнал Османи на средбата.

За време на средбата, вицепремиерот Османи се осврнал и на новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегија на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година притоа, потенцирајќи дека таа претставува една од најважните инцијативи на Европската комисија за овој регион, затоа што, како што рекол, директно покажува дека Европската унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан – повторно високо на агендата на Европската Унија.

– Стратегијата го валоризираше напредокот што како Влада го постигнавме изминатиов период, но и отвори огромна можност за нашите европски перспективи во периодот што претстои, за чиј успех очекувам придонес и од Франсоа Оланд, истакнал вицепремиерот Османи на средбата со Тимоние.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ