
Османи: Се отстранува еден огромен црн камен од нашиот врат
Договорот од Преспа е заемно корисно решение, а имплементацијата ќе создаде политичка и економска стабилност во регионот, преку влегувањето на Македонија во Нато Алијансата и членство во ЕУ, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Според Османи, догворото од Преспа е симетричен што се гледа од реакциите што постојат и од двете страни, односно фактот што постои противење за договорот со слична фразеологија. Говорејќи за процесот кај нас, Османи вели дека тоа не било воопшто лесна процедура, туку сложен процес за кој никој не бил сигурен дали ќе има успешен завршеток. Додава дека искрената помош од меѓународната заедница, ја создала оваа формула за успех на процесот.