
Османи: Процесот на имплементација на Преспанскиот договор е неповратен
Процесот на имплементација на Преспанскиот договор е неповратен. Ова и можноста за користење на експертизата од Република Грција во однос на пристапните преговори со еу ќе бидат главни теми на разговор меѓу вицепремиерот Бујар Османи и грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, утре во Атина. Уште една потврда дека се затоплуваат односите со Грција, според Османи, е и тоа што тој ќе допатува со првиот лет од авионската линија Атина-Скопје, која утре повторно се воспоставува по пауза од околу 10 години.