
Османи: Полицискиот час за цела држава ќе биде по примерот на Куманово
Полицискиот час на територијата на целата држава од среда ќе се продоложи и ќе трае од 16.00 часот до о5.00 часот утредента. Ова на својот фејсбук профил го напиша вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објавувајќи дека полицискиот час за целата држава ќе биде по примерот на Куманово. За викенд, напиша Бујар, полицискиот час за целата држава ќе трае 24 часа.