
Османи оптимист дека уставните измени ќе се завршат до Нова година
Оптимизам дека до крајот на годината може да заврши усвојувањето на уставните амандамни и имплементацијата на Договорот од Преспа од македонска страна по што најдоцна до март тој би се имплементирал од страна на Грција, искажа вечерва вицепремиерот Бујар Османи по враќањето од Атина, каде имаше средба со грчкиот замник-министер за надворшени работи Јоргос Катругалос.
Османи истиот оптимизам го искажа и во Грција, за кој рече дека се заснова врз предвидените рокови за завршување на уставните измени.
„Се заснова на фактот што ако за првото гласање со закон беа потребни 10 дена ние искористивме пет дена. Врз основа на таа логика и правење на калкулација за можна оптимистичка варијанта доколку не се искористат сите денови кои што се пропишани како максимални, бидејќи таквите се уставните дефинции и законски – до три дена, до пет дена. Претпоставката и оптимистичак варијанта е дека може да се заокружи процесот до Нова година“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.
За Османи поважно од тоа е што процесот е станат неповратен и што менталната бариера по овој договор е прекршена, а процесот на имплементација влегува во нормални води.
Впечатокот кој го добил Османи од средбата со Катругалос е дека процесот околу Преспанскиот договор воопшто не е загрозен во Грција.
„Доколу во оваа динамика што ја предвидуваме, до јануари да се заврши процесот овде, би требало веднаш да се пристапи во Грција во потврдување на Договорот, меѓутоа не само тоа туку и ратификацијата на протоколот за пристапување во НАТО“, рече Османи.
На прашањето: Дали тоа до март би се завршило во Грција, доколку тука се заврши до јануари?, тој одговори:
„Ние очекуваме и порано“, изјави Османи.
Османи притоа нагласи дека денеска заедно со Катругалос дале насоки и на тимовите кои работат на Мерките за градење на доверба меѓу двете земји, да се формира подгрупа која ќе работи на размена на искуства во делот на евроинтеграциите.
Грчкиот министер по средбата со Османи пак изјави дека било разговарано за Договорот од Преспа, не само како договор со кој се решава проблемот за името, тука догогвор кој ги стабилизира односите во регионот.
„Разговаравме за промоција и почитување на духот на Договорот од Преспа како договор кој не само што решава еден проблем што ги измачуваше двете земји, туку го стабилизира поширокиот регион и обезбедува европски перспективи на земјите од нашиот регион“, Јоргос Катругалос, заменик-министер за надворешни работи на Грција.
По средбата Катругалос свечено го испрати Османи до аеродромот во Атина од каде попладневи по пауза од 14 години повторно полета авион на комерцијален лет Атина – Скопје, кој ќе лета двапати неделно на оваа релација. По слетувањето во Скопје претставник на компанијата „Ејџиан Ерлајн“ информаше дека линијата не добива субвенции од грчката влада за оваа линија и ќе лета една година на релацијата па зависно од рентабилноста ќе се донесе одлука за нејзино продолжување.
Тамара Грнчаровска