Османи: Охридскиот договор да биде споменат во Преамбулата на Уставот

„Во Преспанскиот договор е дефинирано споменување во Преамбулата на Конститутивните документи на државата. И логичен сплет на чекори, што не е барање само на Албанците туку на сите во државата, е и Охридскиот договор да биде споменат во Преамбулата, бидејќи е инкорпориран во Уставот со амандмани. Со тоа во Преамбулата би ги содржела како конститутивни документи: Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор. До сега сите кои ги имам контактирано, пратеници, експерти, никој не вели дека Охридскиот Договор не е инклузивен и дел од Уставот“.

„Не знам зошто Министерството за здравство ги нема доставено сите документи, па СЈО стекнало друг впечаток. Подобро ќе беше да се направеше тоа пред да се споменуваат имиња, но откако се доставени сите документи, не само што не испадна дека се повеќе пари, туку се осум милиони помалку. Можеби е добро што вака се случи бидејќи се отстрани шпекулацијата дека јас сум напаравил злоупотреба во мојот мандат“, кажа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

„Можеби некој ќе ме смета за наивен, но јас се уште сметам дека постои простор процесот да стане инклузивен и целосно и опозицијата да се вклучи во него“.

„Ја поддржуваме идејата за помирување, но она кое што ќе го промовира принципот на неказнивост во оваа држава е неприфатливо. Не се согласуваме со предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, но поддржуваме формирање на координативно национално тело за помирување.
Наш став за помилувањето е дека – директните извршители на насилство од 27 април и нарачателите на насилствата не смеат да бидат предмет на помилување. Ако имало луѓе кои се колатерална штета, кои се нашле таму и немале намера да направат штета, но биле таму, тогаш треба да бидат дел од разгледување на координативното тело“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ