Османи: Обвинителството ја затвори истрагата „Пациент“ против мене

Вицепремиерот Бујар Османи на својот фејсбук профил објави дека обвинителството ја затворило истрагата за предметот „Пациент“ која СЈО ја отврори против него, не наоѓајќи ништо незаконско.

Вистината конечно стигна до правдата! Сите шпекулации и лажни обвинувања кон мене во случајот „Пациент“ завршија. Онака како што постојано тврдев, по разгледување на сите приложени докази, Јавното обвинителство ја заклучи истражната постапка и оцени дека нема ништо незаконско во моето работење. Сакам да им се заблагодарам на моите најблиски, на мојата фамилија, на моите пријатели за довербата која ја имаа низ целиот овој период. Благодарност и за моите колеги, моите соработници за внимателноста и трпението со кое ми оставија и простор и време за да ја докажам мојата правда и мојата правичност, напиша Османи.

Од обвинителството за организиран криминал за Телма ја потврдија информациите дека истрагата за предметот „Пациент“ е затворена, но образложение на што се темели таа одлука најавија за утре.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ