Османи: не е прекшена процедурата

При носењето на законот за употреба на јазиците во ниту еден дел не е прекршена процедурата. Согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон, тој може да се измени само со предлог- закон за измени, смета вицепремиерот Бујар Османи.

Според него, согласно Уставот, претседателот Иванов е должен да го потпише.

„Македонија заврши едно важно поглавје од својата историја и денеска повеќе од кога било е унифицирана, унисона и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и НАТО, рече Османи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ