
Османи: Не е доволно да се казнува, туку важно е дали е научена лекцијата
Кој потфрли што не се почитуваа мерките против корона вирусот на литијата во Струга ќе треба да покаже истрагата а вицепремиерот Бујар Осмнани во Струга денеска присуствувал за да разговара со локалните претставници на власта и на верските заендици како тоа да не се повтори во иднина и да не се загрозува здравјето на верниците, особено што од вторник и џамиите ќе ги отворат вратите за верниците. Османи кој во Струга присуствуваше како главен координатор на кризните штабови на општините за одбрана од КОВИД19 смета дека не е доволно да се казнува туку важно е дали е научена лекцијата, затоа што пропусти немаше само во верските заедници туку и во многу сегменти во општеството, затоа не смееме да правиме хистерија и напади.
Османи е свесен дека не е лесно да се почитуваат мерките за справување со пандемијата кои подразбираат физичко дистанцирање и да се вршат верските одредби кои пак подразбираат групирање и колективни настани сепак по денешниот разговори тврди дека е охрабрен.
ИВЗ денеска ги објави заштитните мерки за верниците кои ќе ги посетуваат џамиите за намаз, од вторник за кога се планира да се отворат џамиите. Меѓу 10-те мерки е и дезинфекција на цамиите, задолжително носење маска чистење раце со средство за дезинфекција или носење ракавици, секој верник треба да си носи свое сеџаде, односно простирка за користење при молитва но и абдест за верско чистење пред молитва, затоа што тоалетите ќе бидат затворени, одржување физичка дистанца и избегнување на физички контакт, верските предавања да не траат подолго од 10 минути.
Владата на завчерашната седница побата МВР веднаш да го испита одржувањето на литијата во Струга но и прославата за Денот на полицијата. Премиерот Спасовбски вбчера порача дека Министерот за внатрешни Наке Чулев треба да понесе оставка како морален чин. А чулев пак го упати професионална одговорност да ја побара од луѓето во Бирото за јавна безбедност кои се поставени токму од него.
Елена Муковска