
Османи на средба со Могерини во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе го презентира напредокот во имплементацијата на планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.
Средбата Османи – Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.