Османи: Македонија може да пристигне меѓу првите на целта

Сите шест земји од регионот ќе трчаат, но прва на целта, или во ЕУ , ќе пристигне онаа која најбрзо и најдобро ќе ја истрча трката. НАчинот на кој е оценета Македонија во старегијата е причина плус  Вицепремиерот за европски прашања Османи  да верува дека Мaкедонија може да ги престигне Србија и Црна Гора кои во моментов го предводат процесот.

Според Трошановски од Институтот за демократија Македонија има исклучително добар и одамна поставен механизам за спроведување на хармонизација на законодавството, но во моментов недостасува кадар во институциите. Нaјголем дел од овие лица се заминати. Предизвик ќе  биде и областа на владеење на правото.

Трошановски го подржува општимизмот на ОСмани за шансите на Македонија.   Посочува статија во едно од најреномираните европски списанија според која најголема шанса за усогласување со европското законодавство  и влез во ЕУ има токму нашата држава.

Високите претставници на ЕУ, Јоханес Хан и Федерика Могерини при презентирањето на стратегијата посочија дека ниту една од земјиите на Западен Балкан во моментов не ги исполнуваат политичките и економки критериуми неопходни за влез во унијата. Покрај реформите во областа на владеење на правото, треба да работат и на зајакнување на економијата, примената на правилата и стандардите на ЕУ и помирување и добрососедски односи.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ