
Османи: Јункер доаѓа во февруари, во јуни очекуваме датум за преговори
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер доаѓа во Македонија кон крајот на февруари, потврди во вечерашната Топ Тема на Ваша страна, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Верува дека тоа ќе биде посета за поттик на реформите, бидејќи е уверен дека Македонија ќе биде дел од стратешкиот документ на ЕК за пропирување кон Западниот Балкан, што идната недела треба да се објави во Брисел.
Прогнозите на Османи се дека Македонија на Самитот во јуни, ќе добие и датум за старт на преговорите за членство.