Османи и Димитров денеска ќе имаат обраќање пред пратениците

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска ќе имаат обраќање пред пратениците. Двајцата ќе даваат отчет на Комисијата за европски прашања на покана на претседателот на Комисијата, Артан Груби.

Комисијата има закажано седница посветена на евроинтегративните процеси на Северна Македонија по Самитот на Европската Унија во октомври 2019 година.

На седницата, освен пратениците кои се членови на Комисијата, поканети се сите парламентарци, претставниците на дипломатскиот кор во земјава, претставниците на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница и медиумите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ